Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Лебот и белите печива претставуваат едни од основните прехранбени продукти кои се добиваат од брашно со додатоци на вода, сол, микробна стартер култура. Во зависност од типот на лебот и белите печива кон брашното се додаваат и други материи и различни додатоци. Лебот и белите печива се составен дел од исхраната на луѓето, додека нивната севкупна потрошувачка ги доведува во позиција на производи со глобално значење. Од тука од исклучителна важност за сите засегнати страни во синџирот на исхраната е нивното квалитетно и безбедно произведување. Осигурувањето на квалитетот претставува комплексна задача во било која фаза „ од нива до трпеза “ со посебен акцент во делот на нивно производство.

 

Главната цел на посебната програма за возрасни е стекнување знаења, стручни компетенции и вештини за примена на техниките во секоја од фазите на технолошкиот процес, при производство на леб и бели печива.

Начинот на реализацијата на посебната програма е преку теоретска и практична настава (обука). Теоретската обука се однесува на карактеристиките на работното место изработувач на леб и бели пецива, суровините кои се вклучени во производството на пекарските производи како и технолошкиот процес при производство на лебот и белите печива како и запознавање со етичките принципи за работа. Практичната обука се однесува на примена на вештини и техники за производство на леб и бели печива.

Учесниците кои ги посетувале обуките и истите успешно ги завршиле се стекнуваат со сертификат „Изработувач на леб и бели печива“. Со стекнување на сертификатот учесниците се здобиваат со можност за равој на професионална кариера во пекарската индустрија.

 

Програмата се реализира во период од три до четири месеци во времетраење од 250 часа од кои 65 часа се теоретска настава (обука), 160 часа се практична обука во реални работни услови односно во производствен погон и 25 часа се наменети за евалуација на стекнатите знаења и вештини.

 

Теоретскиот дел од програмата се изведува во просторија на компанијата под менторство на м-р по технички науки од областа на квалитет и безбедност на храната. Теоретската обука се изведува еднаш до два пати неделно со претходен договор со учесниците. Практичната обука се изведува во производствениот погон на компанијата од три до четири пати во текот на неделата дефиниран со претходен договор меѓу учесниците и менторите. Со цел ефикасност во спроведување на обуката, при практичниот дел учесниците ќе бидат поделени во три групи од  5 до 7 учесници. На секоја од групите ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата на позицијата пекар.

 

Евалуација на знаењата и постигнувањата на учесниците се спроведува по завршување и на теоретскиот и на практичниот дел од обуката. Пред и по завршување на теоретската обука се врши проверка на знаењата со цел да се направи споредба на знаењето, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен практичен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат „Изработувач на леб и бели печива“.

Резултати од програма

(Mk) По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • Осознава можности за професионална кариера на Изработувач на леб и бели печива,
  • применува прописи за безбедност и здравје при работа и правила за користење на средствата за лична заштита при работа и противпожарните мерки,
  • применува добри производствени и хигиенски практики,
  • ги применува HACCP принципите,
  • планира и организира својата работа,
  • разликува видови леб и бели печива и нивна хранлива вредност и својства,
  • применува рецептури за производство на различни видови леб и бели печива,
  • разликува видови суровини, врши прием и контрола на суровините, начините на складирање и користење на истите и нивно дозволено дозирање во производот,
  • пополнува работна документација,
  • правилно и последователно ги применува и контролира сите фази од технолошкиот процес на производство операции: подготовка (мерење на суровини) и мешање (месење),
  • правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции за обработка на замес: развивање, делење, филување и обликување на тестото, ферментирање, замрзнување,
  • правилно и последователно ги применува и контролира технолошките операции печење, ладење и пакување на пекарските производи,
  • применува соодветно чување и складирање на готови производи
  • ги почитува упатствата за работа на опремата, машините и приборот во погонот кои се користат за производство на леб и бели печива и правилно ја применува опремата, ги проверува и по потреба корегира штелуваните параметри на машините.
ги применува принципите за одржливост и заштита на работна и животна средина.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Учениците во програмата потребно е да имаат минимум завршено основно образование. Не се потребни претходни дополнителни знаења, вештини и компетенции. Дополнително, учесниците потребно е да имаат уреден наод од санитарен преглед.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 65 26
Пракса 160 64
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
1 STUDENTS ENROLLED
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support