Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата за подготовка на асистенти за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености има за цел да ги оспособи учесниците во програмата за давање на помош и поддршка на корисниците на услугите, со цел истите да постигнат свои лични достигнувања, односно самореализација, соглано нивните потреби и можности.

Услугата асистенција на лица со деменција и интелектуални попречености е услуга од социјална заштита, која на корисниците треба да им обезбеди здравствена и социјална поддршка во развивање или одржување на нивните лични способности и вештини.

Услугата треба да биде прилагодена на потребите на корисникот, кој заедно со тимот, членовите на неговото семејство и асистентот, одлучуваат кои активности треба да се преземат, со кој интензитет и во кој временски рок, за да му се овозможи  поголема самореаилзација и што подолга независност во задоволувањето на секојдневните потреби.

Програмата опафаќа стручно теоретски содржини во траење од 90 часа, кои ќе се реализираат во училница/ кабинет и 180 часа практична настава, кои ќе се реализираат во установи кои згрижуваат лица со интелектуална попреченост и установи кои згрижуваат лица со деменција – алцхајмерова болест.

Програмата треба да ги оспособи учесниците за извршување на работните задачи на асистент за нега на лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености, на три нивоа:

  1. хигиенско – здравствени;
  2. воспитно – образовни;
  3. просторно – технички.

 

Преку повеќе тематски целини, учесниците во програмата ќе се оспособат да ја планираат подготвуваат и организираат својата работа како во домот на корисникот, така и во институции/установи кои згрижуваат корисници со демеција – алцхајмериова болест и интелектуални попречености.

Задачите ќе ги изведуваат во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со деменција – алцхајмерова болест и интелектуални попречености, како и со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега на овие лица.

Учесникот ќе се подготви за психолошка и социјална поддршка на корисниците на услугите, за поддршка во секојдневните активности и да дава помош и нега во домашни услови. Учесникот ќе научи да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелнина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за  користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината.

Резултати од програма

(Mk) Учесникот:
  • Применува знаења за лицата со деменција и интелектуални попречености;
  • Дава поддршка на корисниците при користење на здравствени и социјални услуги;
  • Дава поддршка во остварување на социјалните активности и културно забавниот живот на корисникот;
  • Помага во одржување на личната хигиена и асистира при секојдневни активности на корисникот;
  • Асистира и обезбедува продукти за потребите на корисникот;
  • Се грижи за здрава исхрана, согласно потребите на корисникот;
  • Применува методи и техники за местење на кревет и менување на постелнина;
  • Врши планирање и набавка на средства за хигиена, чистење и дезинфекција според потребите на лицето и инструкциите од стручните лица;
  • Асистира и одржува хигиена во домот;
  • Пополнува дневни извештаи за работата со лицето и неговата здравствена состојба според барањата на стручните лица:
  • Постапува согласно планот за работа со корисникот и учестува во негово креирање и евалуациаја;
  • Прати промени во способностите и потребите на корисникот и постапува согласно настанатите промени во истите;
  • Правилно води евиденција и документација;
  • Постапува соодветно при потреба од итна помош и нега на корисникот;
  • Постапува соодветно при акутни повреди и животно-загрижувачки ситуации кај корисникот;
  • Помага при безбедно пристигнување до одредено место/ установа;
  • Помага за безбедно движење на корисникот;
  • Поттикнува одржување и подобрување на мобилноста на лицата со деменција и интелектуални попречености
  • Обезбедува соодветна комуникација со корисниците, семејствата на корисниците и со членовите на тимот во согласност со организациската поставеност и професионална етика;
  • Познава човекови права, анти-дискриминација, родова еднаквост и хендикеп;
  • Објаснива основни принципи на деменција-алцхајемрова деменција и интелектуални попречености;
  • Информира стручни лица за симтомите, состојбите и промените кај лицата со деменција и интелектуални попречености;
  • Користи медицински помагала и апарати за мерење на крвен притисок, пулс и температура придржувајќи се на основните медицински правила за нивна употреба;
  • Препознава основни симптоми и знаци на болести кај лицата со деменција и интелектуални попречесности;
  • Идентификува потреби кај лицата со деменција и интелектуални попречености;
  • Развива емпатија и емоционална подршка;
  • Идентификува стрес, траума и кризна состојба;
  • Спроведува психосоцијална помош и поддршка;
  • Презема активности на вклучување на лицата со деменција и интелектуални попречености во општествениот живот;
  • Поттикнува автономност на лицата со деменција и интелектуални попречености;
  • Презема социјални активности согласно морални и етички принципи;
  • Препознава пречки во комуникација и изнаоѓа можности за нивно надминување - конфликт како пречка во комуникација;
  • Прилагодува комуникација кај лица со деменција и интелектуални попречености;
  • Познава установи за социјална заштита на лица со деменција и интелектуални попречености и услуги кои ги нудат;
  • Познава закон за социјална заштита во Република Македонија посебно делот на лицата со деменции и интелктуални попречености;
  • Идентификува форми на злоупотреба и социјална заштита на семејството и остварувањето на правата на лицата со деменција и интелектуални попречености

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Завршено најмалку основно образование, навршени 18 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 90 30
Пракса 180 60
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support