Опис на програма

Програмата “Декоративен маникир” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност, подготвува работно место и клиент за третман, спроведува третмани на маникирање и декорација на ноктите на рацете, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува.Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.
Структурата на програмата за “Декоративен маникир” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
Во реализација на програмата учествуваат стручни лица, за теоретскиот дел лице со завршен медицицински факултет, а за практичниот дел козметичар со работно искуство и технолог..
Програмата ќе се реализира во специјализирана предавална со потребна опрема според Норматив за простор, опрема и наставни средства и салони за козметика.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат по програма за “Декоративен маникир”
Времетраењето на програмата е 120 наставни часа. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за козметика

Резултати од програма

По завршување на обуката кандидатот ќе биде оспособен да: • организира простор и работа во козметички салон, • подготвува работното место и клиент, • изведува класичен и гел лак маникир • надградува нокти со примена на гел, акрил и наливна техника • изведува декорација на ноктот со френч техника, цртање, украсување • негува и поправа надграден нокт • применува постапка на отстранување на гелот, акрилот или гел лакот • советува за домашна нега на надградените нокти • применува норми на работна етика.

Критериуми за влез во програмата

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години. Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка). Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 84 70
Оценување 12 10
Вкупен број на часови 120
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support