Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

 

 

Програмата “Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува работно место и клиент за третман, спроведува третмани на шминкање, развива претприемачки вештини, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина, комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична изведба и на завршниот испит.

Структурата на програмата за “Шминкер” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и

проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

Наставата ќе се одвива во специјализирана предавална со потребната опрема според Норматив за

простор, опрема и наставни средства и во салон  за козметика.

Стручно- теоретски дел од обуката: наставен кадар со завршени студии по медицина.

Практичен дел од обуката: мајстор шминкер со 3 години искуство во занимањето.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Шминкер.

Времетраењето на програмата е 220 наставни часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоки  нивоа-курсеви за шминкање.

 

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • организира активности за лична подготовка и подготовка на работното место
  • создава хигиено-технички услови за работа
  • применува работна култура во  комуникација со клиенти,
  • подготвува клиент за шминкање,
  • советува за избор на шминка и средства за шминкање
  • избира прибор и средства за шминкање
  • применува фази во шминкање на лицето
  • применува техники на коректура на лицето со шминка
  • изведува техники на шминкање според намена, стил и моден тренд
  • разликува и опишува карактеристики на целна и специјална шминка
  • пополнува и води евиденција за извршени услуги
  • советува клиенти
  • применува норми на работна етика
   

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и возраст над 15 години, без предходно стекнати знаења за ова занимање.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 44 20
Пракса 154 70
Оценување 22 10
Вкупен број на часови 220

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support