Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да стекнат знаења, вештини и компетенции за процесот на шиење на текстилни  материјали на обична машина за шиење, на специјални машини за шиење, на автомати и ракување со машините. Стекнатите знaења, вештини и компетенции  ќе им помогнат на учесниците полесно вработување во конфекциските компании.

 

Програмата „ Шивач на текстилни материјали – основно ниво “ е така концепирана  да можат да се стекнат со потребните знаења, вештини и компетеници за шиење и ракување со машините. Поделена е во три дела и тоа:

  • теоретски дел кој се состои од следните тематски целини: конфекциски материјали, машински бодови и шевови, подготовка за шиење и машини за шиење;
  • практичен дел;
  • завршен испит (проверување на стекантите знаења, вештини и компетенции од програмата);

Стручно-теретскиот  дел од програмата ќе се реализира во просторија училница-кабинет опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл.

Практичниот дел од програмата ќе се реализира во училишна конфекциска работилница, опремена со машини  согласно содржината на програмата и во компании со кои  ќе пројават интерес за вработување и соработка а со учесниците ќе работат професори ментори  со повеќегодишно работно искуство

Завршниот испит како трет дел од програмата шивач на конфекциски материјал се состои во проверка на стекнатите знаења, вештини и компетенции од реализираната програма. Ќе се спроведува во училишната работилница и во компанија, пред комисија составена од наставнци кои ја изведуваа теоретската настава  и дел практичната обука и лице-ментор од компанијата. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат “Шивач на текстилни материјали – основно ниво “

 

Времетраењето на програмата е 3 месеци,  со вкупно  330 часа.

 

За реализација на програмата (обуката) ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор);  визуелни (демонстрирање, цртање);  практични методи (практична работа – вежби) кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

 

Оценувањето на постигањата на учесниците во програмата ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења и практична работа- вежби.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот во програмата ќе биде способен да:
  • разликува ткенина од плетенина, неткаен текстил, лице и опачина на ткаенина, плетенина, кожа, правец на основа и јаток кај ткаенина односно редови и колони од котелци кај плетенина, обоен од печатен материјал односно дезениран материјал со технологијата на ткаење, плетење и везење;
  • избира конец за шиење, машински бод и машински шев согласно текстилниот материјал;
  • разликува конци за шиење по суровински состав, број на жици и нумерација;
  • применува машински бодови и шевови;
  • идентификува поединечни кројни делови од основните кроеви на здолниште, панатлони, блуза, кошула);
  • познава составни делови на подготвен комплет согласно работен налог;
  • комплетира означени места на кројните делови за составување на два кројни дела;
  • идентифукува основни делови на машините за шиење;
  • објаснува функција на основните составни делови на машините за шиење;
  • организира работа на работното место;
  • проверува исправност на машината за шиење;
  • воведува горни и долни конци кај машините за шиење;
  • премотува долен конец за машини со зрнест бод;
  • ракува со обична машина за шиење;
  • ракува со специјална машина за шиење (двоигловка, оверлок, за нашивање ракави, пикер машина);
  • ракува со автомати за шиење (автомати за правење дупчиња, автомати за нашивање на копчиња, автомати за зацврстен бод);
  • шие разни материјали со разни машински бодови и шевови (применува стандарни машински шевови при составување на два листа материјал);
  • изработува поедини делови од облеката (манжетни, јаки, ракави, колани, лајсни, гајки)
  • составува делови од облека со стандардни основни машински бодови и шевови (монтажа на одделни делови од облеката);
  • воочува неправилно изведена операција на шиење;
  • корегира неправилно изведена операција на шиење;
применува заштитна опрема на работно место;

Критериуми за влез во програмата

  Завршено најмалку основно образование и не помлади од  18 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 18
Пракса 250 76
Оценување 20 6
Вкупен број на часови 330

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support