Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники на шиење облека, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и практична обука и води до стекнување сертификат “  Шивач на облека”.

Програмата опфаќа кроење на облека со поставување кројна слика и шиење на скроената облека. Акцентот е на практичната работа, техники на шиење, работа со ткаенина, правилна употреба на кроеви според градба на тело, редоследно поврзување на скроените делови со нивно шиење, изработка на носливи парчиња облека . Се состои од  3 модули со кои се стекнува еден сертификат.

Времетраење на програмата е 240 часа, од кои 24 часа теорија, 192 часа практична обука и 24 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот практичниот дел од програмата ќе се одвива во просториите на студиото, во опремена работилница, во шивална.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува во текот на обуката и на крајот  на секој модул. По успешно завршување на петте модули учесниците се стекнуваат со сертификат “Шивач на облека” .

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен правилно да работи со машина за шиење; да воведува игла, да вденува конец, да прави составни и украсни шевови; да крои и шие разни модели на здолниште, пантолони, блуза, да шие колани, џебови, манжетни, јаки, ракави, да опшива и подвива, да поправа готови производи, да комуницира со клиенти,  со што ќе може да конкурира на пазарот на трудот

Критериуми за влез во програмата

Учесникот не мора да има предходни знаења, да има завршено најмалку основно образование, да има наполнето 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 24 10
Пракса 192 80
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support