Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главна цел на програмата е учесникот по завршување на програмата да биде способен да организира простор и работа во салон, подготвува клиент, мие и негува коса и скалп, потстрижува коса, обликува и фенира, подготвува коса за боење и белење, бои, бели и шатира.

Начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални, демонстрирање, практична работа – вежби кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Оценувањето на постигањата на учесникот ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усна и писмена проверка на знаења на определени тематски целини и делови од практична работа.

Учесникот кој  успешно ќе ја заврши обуката ќе се стекне со сертификат за Фризер – основен курс.

Времетраењето на програмата е 200 часа од кои теорија 60 часа, пракса 120 часа и оценување 20 часа.

Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер.

Резултати од програма

(Mk)
  • организира простор и работа во фризерски салон,
  • подготвува работното место и клиент,
  • проценува состојба на коса,
  • мие и негува коса и скалп,
  • потстрижува коса,
  • обликува коса со различни техникии,
  • подготовува коса за боење и белење,
  • бои, бели и шатира коса,
применува норми на работна етика.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Завршено основно образование и возраст над 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 30
Пракса 120 60
Оценување 20 10
Вкупен број на часови 200
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support