Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата овозможува работно оспособување за Фризер за жени и истата е со  тромесечно времетраење, односно 300 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во фризерски салони.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ги подготвува, организира и извршува работните задачи, рационално да ги користи материјалите, опремата и времето, да комуницира со корисниците на услугите и деловните партнери, да ги чисти и ги дезинфицира просторот, работните површини, фризерскиот прибор, апаратите и истите правилно ги чува, да го подготвува клиентот за обликување на фризурата и истата ја обликува согласно со намената да негува коса и скалп, да комбинира и обликува производи за коса, да гарантира за квалитетот на извршените работи и услуги и одговара за нив,  да користи соодветни информациско-комуникациски средства, да развива претприемачки вештини и однесување, да ги поознава правата од работен однос и основните начела за отварање на сопствен бизнис,  да применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината во согласност со хигиенско-техничките, противпожарните и другите заштитни мерки.

При реализација на програмата потребна е тековна проверка на знаењата и вештините на учесниците, а по завршување на истата се полага завршен испит.Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер за жени по верифицирана програма.

Резултати од програма

(Mk) Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:
  • Планира и организира работа
  • Одржува хигиена во салонот
  • Врши прием и подготовка на клиентот
  • Потстрижува коса
  • Обликува коса според барања и потреби на клиентот
  • Изведува боење и белење на коса
  • Ондулира коса.
  • Подготвува и обликува производи за коса
  • Изведува нега на коса и скалп
  • Познава карактеристики на мал бизнис

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Завршено најмалку основно образование и над 15 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 210 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support