Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата ќе се реализира преку следниве модули (задолжителни и изборни):

Задолжителни(теорија+пракса):
1. Принципи на органско производство – (6 часа + 6 часа) = 12 часа
2. Стандарди, конверзија и сертификација – (6 часа + 6 часа) = 12 часа
3. Маркетинг на органски производи – (12 часа + 6 часа) = 18 часа
4. Бизнис планирање – (18 часа + 6 часа) = 24 часа
5. Легислатива, финансии и субвенции – (6 часа + 6 часа) = 12 часа
6. Настани на терен (фарма) – (пракса 42часа) = 42часа
7. * еден од техничките модули – (18 часа + 12 часа) = 30 часа
Теоретски и практични (66 часа + 84 часа)= 150 часа

* Технички модули (изборни):
1. Органско сточарско производство – (18 часа + 12 часа)
2. Органско градинарско производство — (18 часа + 12 часа)
3. Органско пчеларство – (18 часа + 12 часа)
4. Органски лековити и ароматични растенија,
и други (култивирани)- (18 часа + 12 часа)
5. Органско лозарство и овоштарство – (18 часа + 12 часа)
6. Органско полјоделство (18 часа + 12 часа)

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат ФАРМЕР ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО.
Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 66 часа теоретска обука (вклучително и 7 часа оценување), 84 часа се практична обука во реални работни услови. Секој учесник во обуката мора да избере најмалку еден изборен модул. Доколку сака да ги прошири знаењата за органското производство од повеќе земјоделски области, учесникот во обуката може да избере два или повеќе изборни модули. Теоретскиоти и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската и практична обука ќе се врши во училници, а теренската практична обука на посебни површини.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и сите технички модули ќе има вкупно 300 часа обука и ќе добие сертификат за Фармер за органско производство.
Учесникот во обуката што ќе ги помине задолжителните модули и еден од техничките модули ќе има вкупно 150 часа обука и во зависност од техничкиот модул ќе се стекне со еден од следните парцијални сертификати:
– фармер за органско сточарско производство
– фармер за органско градинарско производство
– фармер за органско пчеларство
– фармер за органски лековити и ароматични растенија
– фармер за органско лозарство и овоштарство
– фармер за органско полјоделство

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка. При целосна реализација на сите модули проверката на знаење ќе се спроведе преку завршен испит со кој ќе се проверат стекнатите вештини и компетенции. На крајот од обуката, учесниците се стекнуваат или со парцијален сертификат (150 часа) или со целосен сертификат (300 часа) за работна оспособеност ФАРМЕР ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО.

Резултати од програма

1 Менаџерски компетенции Менаџерските активности ќе се огледаат преку: - Успешно планирање на работата; - Познавање на легислативата и нејзина имплементација; - Опис на активностите и точно водење на документацијата; - Земање во предвид на трендовите на пазарот и цените; - Флексибилност во користење на финансиските ресурси и финансиско планирање; - Стриктно почитување на приходите и расходите на финасискиот план; - Флексибилно управување со човечките ресурси; - Користење на ИКТ (интернет, е-мејл, мобилни); - Разбирање и користење на информативни извори за органско производство (медиуми, списанија, ТВ, интернет и сл.). 2 Производни компетенции Производни компетенции се огледаат преку имплементација на: • Современи практики во земјоделството: садење, култивирање на почва, ѓубрење, наводнување, резидба, борба со штетници, користење на механизација итн.; • Грижа за животните преку хигиена, хранење, чистење, молзење и сл.; • Примена на санитарно-хигиенските барања за работа на фарма; • После-бербени активности (соодветно чување, складирање и транспорт); • Заштита на природните ресурси: почва, вода, воздух, загрозени видови на флора и фауна, и сл.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да имаат завршено минимум основно образование, основни ИКТ познавања и да се постари од 18 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 156 52
Пракса 129 43
Оценување 15 5
Вкупен број на часови 300
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support