Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата се состои од теоретски и практични модули. Оваа програма овозможува учесниците да стекнат вештини кои се неопходни за самостојна работа со компјутери и информатичка технологија. Програмата е флексибилна, стандардизирана, целосна и нуди можности за надградба врз принципот на скалабилност. Преку неа учесниците се стекнуваат со потребните вештини за работното место или пак секојдневно користење на компјутерот. Стекнатите вештини во целост се компатибилни со вештините кои се карактеристични за ECDL (European Computer Driving License) едукацијата, односно верифицирана и усвоена програма за работа со информациско комуникациска технологија од страна на Европска унија. Оваа програма овозможува систематско стекнување на знаења и вештини за користење на компјутерот согласно меѓународните стандарди признаени во светот, Преку неа се овозможува: правилен избор за бараното ниво на едукација без оглед на претходните познавања за работа со компјутер и информациски технологии од страна на учесниците, се стекнува потполна компетентност и вештинa за работа со стандардни компјутерски апликации. Програмата е концепирана во три модули со што е овозможен пристап на постепено усвојување на вештините и знаењата. Учесниците во програмата стекнуваат вештини преку кои се препознтливи на пазарот на трудот. Преку стекнатите компјутерски вештини се овозможува процес на поголема:
• продуктивност,
• ефикасност во извршување на задачите,
• ефикасна комуникација,
• правилно користење на современата компјутерска технологија,
• економичен пристап со помала потрошувачка на време за решавање на проблемите кои се врзани за информатичката технологија.
• секој учесник ја потврдува својата постоечка компетентност согласно меѓународните стандарди.

Резултати од програма

По завршувањето на програмата учесникот ќе биде способен самостојно да работи со комуникациската и информациската технологија. Овој процес го зголемува интелектуалниот потенцијал на учесниците во процесот на деловното вклучување при вработување или самовработување. Секоја организација во современите услови бара вработени кои познаваат работа со комуникациска и информациска технологија. Програмата овозможува брзо вклучување на учесниците во деловните подрачја овозможувајќи им услови за личен напредок. Модул 1 Основен модул Со завршување на овој дел од програмата, учесникот ќе биде способен да: • го познава хардверот и софтверот како основни компјутерски компоненти, • ги разбира основните концепти во функционирање на софтверот и хардверот, • целосно ја совлада употребата на компјутерот, • целосно ја совлада работата со датотеки, употреба на општи функции на компјутерот и неговиот оперативен систем. • знае ефикасно да го користи работното опкружување, десктоп опкружувањето како и користење на компјутерски мрежи, • знае да ја користи компјутерската технологоија во секојдневниот живот, • има познавања од сигурност во користење на компјутерската технологија и опкружување, авторски права и закон, • биде способен напредно да го користи компјутерот во делот на работа со датотеки, основни функции на оперативниот систем, подесување на десктоп опкружувањето, антивирусен софтвер и сите останати непосредни функции поврзани за користење на оперативниот систем, • знае да го користи интернетот и web пребарувањето, • има знаење ефикасно да изврши пронаоѓање на информации, • има знаење за online комуникација и користење на електронска пошта, • има познавања за работа со апликација за обработка на текст вклучувајќи ја и завршната обработка на текстуални датотеки, • има познавања за работа со апликација за табеларни калкулации вклучувајќи го користењето на функции во изготвување на табеларни извештаи. Модул 2 Стандарден модул 1 Со завршувањето на овој дел од програмата, учесникот ќе биде способен да: • знае да користи софтвер за работа со релациски бази на податоци преку кои се: креираат табели во база на податоци, изготвуваат прашалници, креираат форми и извештаи, • знае да користи софтвер за изработка на презентации. Модул 3 Стандарден модул 2 Со завршување на овој дел од програмата учесникот ќе биде способен да: • ги разбере клучните концепти на дигиталните слики, ја користи апликацијата за обработка на битмапирани слики во сите сегменти на обработка на фотографија вклучувајќи го делот и припрема за печатење, • ги запознае клучните концепти за креирање, поставување и ажурирање на веб страници, • ги користи програмите кои служат за креација и одржување на веб сајтот.

Критериуми за влез во програмата

За влез во програмата кандидатот треба да има завршено најмалку основно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 6
Пракса 140 89
Оценување 8 5
Вкупен број на часови 158
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support