Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата за спасител во ски патрола е според стандардите на Меѓународна Федерација на ски патроли FIPS – (Fédération Internationale des Patrouilles de Ski) и Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA (International Commission for Alpine Rescue) и се темели на стандард на занимање  кое се стeкнува преку стручна теоретска содржина и практична обука. Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните знаења предвидени во содржината на предметите. Со практичниот дел од програмата се подразбира реализирање на студиска и демонстрациски тренинзи (вежби или спасување во скијачки центар како ски патрола) заради стекнување практични знаења и демонстрирање на стекнатото знаење на кандидатот во пракса. Испитот исто така се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира симулација на спасување на повреден скијач (бордер) на ски стаза во скијачки центар и евакуација на блокирана жичара, како и зафатен скијач во лавина при што кандидатот практично го покажува знаењето кое го стекнал од предвидената програма за обука на спасител во ски патрола. По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност за спасител во ски патрола.

Резултати од програма

Креиран материјал за модулите кои ќе се изучуваат на Обуката за спасител во ски патрола, запишани кандидати за спасители во ски патрола, организирана теоретска и практична настава за потребите на обуката, како и организиран теоретски и практичен испит за учесниците на обуката. Крајните резултати се лица обучени за спасители во ски патрола кои ќе одговорат на поставените цели на програмата, како и позитивна евалуација за обуката и наставниот кадар кој ја одржува обуката. Од новата програма се очекува да се креираат кадри кои ќе бидат на еднакво рамниште со колегите од другите земји во Европа и развиените држави во светот по стандардот на Меѓународна Федерација на ски патроли FIPS - (Fédération Internationale des Patrouilles de Ski) Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA.   По завршената обука учесникот стекнува знаења, вештини и е оспособен да:
  • Планира, подготвува, организира и извршува работни задачи
  • Чита метеоролошки и топографски мапи
  • Применува соодветни методи и техники за спасување во скијачки центри
  • Укажување на прва помош и медицинска помош на повредено лице во дадена ситуација
  • Укажува прва помош и медицинска помош на повредениот во случај  на: фрактура на повредениот, нагмечување на меки ткива, исчашување, дисторзија (истегнување), набиеница (контузија), повреди на рбетниот столб, повреди на главата, трауматски шок, повреди од ниски и високи температури
  • Врши евакуација на лица од  жичара или гондола во случај на престанок на нивно функционирање
  • Применува комуникациски вештини  и работа под притисок
  • Познава правилник за употреба на куче трагач во лавина
  • Познава процедури за евакуација на лицето  блокирано на жичара или гондола
  • Познава процедури за извлекување на лице зафатено со лавина
  • Користи рационално материјали, опрема и време за спасување во ски центри
  • Применува мерки за заштита при работа
  • Развива претприемачките вештини, работи во тим и доживотно учи и се усовршува
 

Критериуми за влез во програмата

  1. Да е член на Македонската асоцијација на инструктори на снежни спортови или скијачка федерација на Република Македонија
  2. Најниско ниво на алпинистичка квалификација кое што е потребно за да се започне со обука за спасител во ски патрола, е називот инструктор ниво еден по Правилникот на Македонската асоцијација на инструктори на снежни спортови или Скијачка федерација на Република Македонија или “Аспирант за Алпинист“, според Правилникот за работа на Македонската алпинистичка федерација.
  3. Да има завршено средно училиште.
  4. Да е здравствено и психофизички способен.
  5. Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
  6. Да има уверение за положен курс по прва помош.
  7. Да има полиса за осигурување од осигурителна компанија.
 

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 20
Пракса 175 70
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
  • Скопје
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support