Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Сметководствен службеник во банкарски сектор.
Времетраењето на програмата е 180 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку шест (6) тематски единици
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Сметководствен службеник во банкарски сектор“
Теоретската и практичната обука ќе се реализира во училница/кабинет, во простории опремени со информатичка технологија. Реализацијата на обуката преку практични вежби од банкарски работи, ќе се одвива преку реални вежби, обработка на секојдневни банкарски работи, почитувајќи ја законската регулатива и банкарските политики и принципи, и сорабутувајќи со останатите вработени и клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.
По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Сметководствен службеник во банкарски сектор”.

Резултати од програма

Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да: - дефинира и разбира сметководствениот информациски ситем, како и корисниците на сметководствените информации; - применува сметковоствени политики, правила и стандарди; - дефинира и разликува средства, обврски, капитал, приходи и расходи; - разликува видовите на постојани и обртни средства; - ја објаснува улогата, формата и значењето на билансот на состојба, билансот на успех и извештајот за праични текови; - врши евиденција на видовите постојани средства; - дефинира сметководствени настани и сметки; - дефинира контирање; - составува пробен биланс врз основа на евиденцијата во сметководствените книги.

Критериуми за влез во програмата

Минимум завршено средно образование. Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 104 58
Пракса 70 39
Оценување 6 3
Вкупен број на часови 180

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support