Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на сметководството и да бидат работно подготвени за занимањето Службеник во книговодство.

 

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.

 

Целата обука е конципирана како една сеопфатна сметководствена пракса во која учесниците освен што ќе се здобијат со теоретски знаења од областа на сметководстсвото, практично книжат реални документи од областа за која што учат и се среќаваат речиси со сите ситуации што би можеле да ги сретнат на идното работно место како службеник во книговодство.

 

Времетраење на програмата е 216 часа: 64 часа се посветени на теоретска настава, 130 часа се практична обука, а 22 часа се посветени на оценување.

 

Теоретската обука ќе се одвива во училница, а практичната обука ќе се одвива во простории опремени со компјутери и софтвер за сметководство. Ќе се работат практични вежби смислени за потребите на програмата, но и ќе се врши книжење на реални документи од документацијата на трговски друштва што се занимаваат со производство, трговија или услуги. Учесниците, освен што ќе вршат книжења на документи, паралелно ќе ги пратат и сите сметководствени извештаи што се содржат во софтверот за сметководсво: сметководствени картици (синтетички и аналитички), бруто биланси и заклучни листови како и разни други прегледи преку кои можат да ги анализираат прокнижените документи. Исто така, учесниците ќе бидат комплетно запознаени со законската регулатива од областа на сметководството, ќе научат да ја следат и спроведуваат, квалитетно и професионално да комуницираат со колегите и работодавците со кои ќе се среќаваат на идното работно место, како и со клентите, што е од голема важност. Ќе бидат запознаени со своите права и обврски на работното место и за мерките што треба да се превземат за заштита на работната околина.

 

Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – усмено и писмено (на теоретскиот дел) и тестови со практични вежби со книжење директно на компјутер (на практичниот дел).

 

На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има теоретски и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.

 

 

По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат сертификат „СЛУЖБЕНИК ВО КНИГОВОДСТВО“.

 

 

 

 

Резултати од програма

По успешно завршување на програмата учесникот е оспособен да:
- Изведува работи од сметководственото работење во трговски друштва од производна,
тровска и услужна дејност
- Организира, планира и изведува активности од областа на сметководственото работење
- Користи софтвер за компјутерско сметководство и работи со документи
- Евидентира сметководствени настани врз основа на соодветни влезни и излезни документи
- Води деловни книги
- Врши пресметковни работи
- Почитува и применува пропишана законска регулатива и стандарди
- Применува сметководствени принципи на евиденција
- Доставува информации до интерни и екстерни корисници на информации
- Изготвува годишна сметка и финансиски извештаи
- Пресметува и изготвува даночни пријави согласно законската регулатива
- Работи тимски
- Применува прописи за безбедност и заштита при работа

Критериуми за влез во програмата

- Завршено средно образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 30
Пракса 130 60
Оценување 22 10
Вкупен број на часови 216
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support