Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и способности од областа на работењето во хотелските објекти, техниката на работење на приемното одделение во објектите за сместување – рецепциската служба во сместувачките објекти и да се оспособат за нејзина практична примена.

 

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и практична обука.

 

Времетраењето на програмата за реализација на програмата е 225 часа од кои 70 часа се стручна теорија, 140 часа се практична обука во реални работни услови и 15 часа се наменети за оценување.

Вреднувањето на постигнувањето на учесникот се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на стекнатото знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат Рецепциски службеник.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • планира, подготвува и изведува работи во приемното одделение;
  • организира работни активности и применува правила за убаво однесување;
  • врши резервации за соби и други услуги;
  • пречекува и сместува гости во сместувачките капацитети;
  • комуницира со гостите и деловните соработници, пред, за време на престојот и потоа;
  • дава информации на гостите за услугите, цени и начин на плаќање;
  • пресметува, врши наплата и издава сметки за користени услуги;
  • се грижи за багажот и другите лични работи на гостите за време на целиот престој;
  • врши проверка на квалитетот на извршената работа;
  • ги пријавува и одјавува гостите во подрачните единици на МВР;
  • подготвува и води работна документација, извештаи, прегледи за слободни и зафатени соби;
  • подготвува дневни извештаи за хотелската домаќин/ка, број на оброци во кујна, мини бар и техничка служба;
  • отклонува дефекти и изнаоѓа решенија;
применува прописи за заштита при работа и заштита на животната средина.

Критериуми за влез во програмата

Учесникот да има завршено најмалку средно образование   Возраст над 18 години, да биде во добра здравствена состојба, подготвеност за работа во смени, подготвеност за работа за време на викенди, државни и верски празници, познавање на странски јазик, работа со компјутери.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 70 31
Пракса 140 62
Оценување 15 7
Вкупен број на часови 225

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support