Опис на програма

Главната цел на програмата е организирано образование, едукација, усовршување и оспособување на учесниците во програмата за самостојно, правилно и благовремено одлучување, постапување и квалитетно изведување на работните задачи, ракување со градежна механизација за површинска експлоатација .

Програмата се реализира преку повеќе активности:

  • Спроведувањето на теоретската настава е во училница со современи наставни помагала со кои учесниците во програмата се здобиваат со потребните знаења предвидени во содржината на тематските целини кои се составен дел од програмата.
  • Практичната настава се спроведува преку демонстрирање на употребата на градежната механизација на обезбедени локации и градилишта, обуки за запознавање, управување, ракување и одржување на градежната механизација.
  • Тестирањата на добиените знаења и вештини на учесниците во програмата се преку одржување на испит. Испитот исто така се состои од теоретски и практичен дел.
  • Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од тематските целини кои се составен дел на програмата за обука.
  • Практичниот дел од испитот подразбира теренска проверка на стекнатите знаења од ракување со градежната механизација на соодветна локација, градилиште.

Целокупната програма ја спроведува тим на искусни инжинери од потребната дадена област и квалификувани, со долгогодишно работно искуство ракувачи со градежна механизација.

По успешно завршување на теоретска и практична настава, обуките и тестирањата, на учесниците ќе им се издаде сертификат за  Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација. Програмата/сесијата за  Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација е во времетрање од 3 месеци. По успешно спроведената програмата, лицата ќе се здобијат со сите потребни компетенции за извршување на работата Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација.

Резултати од програма

- ја планира, подготвува, организира и извршува својата сопствена работа, - ја планира, организира и ја насочува работата според инструкциите и барањата на изготвената и одобрена изведбена документација, - ја разликува градежната механизација според нејзината поделба на градежни машини и средства, нивните карактеристики, нивните предности, негативности и принципи при изборот за нивна употреба за извршување на работните процеси, - ја распознава поврзаноста на сите учесници во работењето на локацијата или градилиштето, - ја познава организационата структура на службата на градежната механизација на локацијата или градилиштето, - ја анализира моменталната состојба на теренот, соодветната локација или градилиште и определува начин на експлоатација на градежната механизација, - ги распознава работните циклуси на градежната механизација, - ги подготвува и врши проверка на исправноста на машините, опремата и алатите за работа, - изведува градежни работи со различни технолошки и изведбени постапки според проектот, инструкциите и упатствата за работа со машините, - ракува и управува со машините на теренот, како што се: багери, лажичари, багери-дреглајни, товарачи, булдожери, грејдери, скрепери, валјаци, раздробувачко-сејачки сепарациски уреди, машини за дробење и кршење на камени блокови, машини за набивање и стабилизација на подлогата, машини за производство на бетонска маса, пневматски машини и уреди, вибратори и други машини за земјена површинска експлоатација, - ги прегледува и ги подготвува машините и уредите за работа (кочниците, нивото на масло, вода и гориво, исправноста на хидрауликата, осветлувањето, звучна и светлосна сигнализација и противпожарните средства), - ги познава постапките за евидентирање и документирање, - ги евидентира податоците потребни за машините и опремата, евидентира прегледи на машините и уредите, - ја одржува механизацијата во исправна состојба, - се придржува на упатствата за сервисирање и ги почитува термините според упатството, - комуницира со странките на професионално ниво, - комуницира со колегите кои работат со останатите машини во заедничката група, - применува деловна култура и основи на работната етика и морал, - се грижи за постигнување на стандардите и квалитетот на работите, - знае постапки за укажување на прва помош, - применува прописи за заштита, безбедност и здравје при работа како и заштита на работната и животната средина.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во Програмата за  Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација како критериум за влез во наставата и практичното учење претходно треба да имаат наполнето 18 години, да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат положено возачки испит минимум Б категорија, да поседуваат прецизност и одговорност.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 18
Пракса 200 73
Оценување 25 9
Вкупен број на часови 275

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support