Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Оваа програма овозможува оспособување на кандидатите за ракувачи на градежна механизација во површинска експлоатација да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со машините на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат. Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација

Планирано е двомесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 280 часа од кои 64 часа се за теоретска обука, 184 часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови и 32 часа се наменети за оценувањето.

Теоретската обука ќе се одвива во училница – кабинет, а практичната обука ќе се изведува во реална компанија, Кандидатите ќе бидат под менторство на професор и ментор вработен во компанијата. Кандидатите кои успешно ќе ја завршат програмата, ќе бидат оспособени самостојно да ракуваат со машини од градежна механизација во површинска експлоатација, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе научат да ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе научат да се грижат како за сопствената безбедност така и за другите лица, ќе развијат способности за прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со градежната механизација во површинска експлоатација, како што се: изведба на земјени работи во различни изведбени постапки според проектот и инструкциите, ракување и управување со градежна механизација за земјени работи на терен; изведба на ископ, депонирање ископан материјал, рамнење, набивање, распостелување, мешање, товарање, чистење снег, користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, ќе познаваат права од работни односи, работна етика, сопствен бизнис, ќе развијат свест за превентивно одржување на машините во исправна состојба.

По завршувањето на обуката кандидатите полагаат завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Ракувач со градежна механизација за површинска експлоатација

Резултати од програма

Кандидатите  за  ракувачи  со  машини од  градежна механизација за површинска експлоатација по завршувањето на обуката ќе  се оспособат да:
управуваат со механизација со различен погон,  применуваат соодветен алат за машимите, опрема и средства, изведуваат ископ, изведуваат косина, рамнат, планираат, расчистуваат и изведуваат и ревитализираат одводни канали, одржуваат патишта, набиваат подлога, чистат одрон, снег, превентивно ја одржуваат механизацијата, учествуваат во одржување и сервисирање, воочуваат најчести дефекти, согледуваат причини за појава на истите, применуваат правила и прописи за квалитет и сигурност при работата и се грижат за личното здеравје и здравјето на луѓето и животната средина, ги познаваат правата од работен однос, работна етика, отворање и водење соспствен бизнис. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Ракувач со градежна  механизација за површинска експлоатација.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование. Возраст над 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 23
Пракса 184 66
Оценување 32 11
Вкупен број на часови 280
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support