Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Оваа програмаза работно оспособување за занимањеторакувач надигалки на учесниците во програмата им овозможува да се стекнатсо знаења, вештини и компетенции за самостојно ракувањеи управување со дигалките на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат насловен како Ракувач на дигалкa

Планирано е двомесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 276 часа од кои 60 часа се за теоретска обука, 184 часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови и32 часа се наменети за оценувањето.

Теоретската обука ќе се одвива во училница – кабинет. Практичната обука ќе се изведува во реални услови/компанија, каде учесниците во програмата ќе бидат под водствона ментор вработен во компанијата.

Учесниците кои успешно ќе ја завршатобуката, ќе бидат оспособени самостојнода ракуваат со дигалки, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе се грижат како за сопствената безбедност така и за безбедноста на другите лица, ќе развијатспособности за прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со дигалки, како што се:ракување и управување со дигалки при изведба на работи – подигнување и пренесување на товарво хали и на терен; ги користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив,развива свест за превентивно одржување дигалките во исправна состојба.

По завршувањето на обуката кандидатите полагаат завршен испит. По успешно положениотзавршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Ракувач на дигалкa

Резултати од програма

(Mk)   По завршувањето на обукатаучесникот во програмата ќе се стекнат со соодветни знаења, вештини и да бидеспособен да:
  • Јапланира ија организира својата работа;
  • Рационално гикористи енергијата, материјалот и времето;
  • Ја прегледува дигалката пред преместување;
  • Превентивно ја одржува дигалката;
  • Управува мостни дигалки(кранови);
  • Управува портални и полупортални дигалки (кранови);
  • Управува подвижни или неподвижни конзолни дигалки (кранови);
  • Управува подвижни и неподвижни дигалки (кранови) со столб или кула;
  • Одбира и преместува соодветни средства за пренос на товар;
  • Ја преместува дигалката при вршењето на работа;
  • Комуницира со претпоставените исосоработниците;
  • Користи компјутерска опрема и програмски алатки;
  • Се грижи за безбедноста и здравјето при работа и за заштита на околината.
 

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Учесници во програмата можат да бидат лица кои:
  • имаат завршено најмалку основно образование;
  • се на возраст над 17 години.
 

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 22
Пракса 184 67
Оценување 32 11
Вкупен број на часови 276

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support