Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата за работно оспособување за извршување на работни задачи од областа на козметиката за занимањето козметичар. Програмата е со тримесечно времетраење, односно 250 часа и се темели на стандарди за занимање кои се постигнуваат преку стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и практична обука во козметички салон.

По успешното завршување на програма учесникот ќе  се оспособи да организира простор и работа во салонот за козметика, да одржува хигиена во салонот, да применува мерки за лична и општа заштита, да познава опременост во салонот, да избира козметички препарати, да применува козметички третмани на лице, педикир, маникир, надградба на нокти и депилација.

По завршувањето на програмата учесникот  полага завршен испит и се стекнува со сертификат за работна оспособеноста  за помошник козметичар по верификувана програма.

Програмата дава можност за вертикална проодност  за повисоко ниво во занимањетои

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи: - да работи  на  занимањето помошник козметичар во салон за козметика, - да организира простор и опременост на салонот, - да применува  хигиено техничките мерки за лична и работна  хигиена, - да изведува стерилизација на инструменти, уреди и апарати, - да врши прием на клиент - да применува норми на работна етика - да изведува различни техники за третмани на лице, - да изведува епилации, депилаци, - да изведува техники на педикир и манакир, - да комуницира со клиенти, - да ги познава правата од работен однос и можностите за отворање на сопствен бизнис.

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и над 15 годишна возраст. Психофизички здрав со добри природни  стекнати и развиени способности, емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, да е спретен, и има чувство за естетика и уредност

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 24
Пракса 180 72
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 230
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support