Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за работа со сувомонтажни ѕидови, тавански и ѕидни облоги и подни системи. Учесниците во теоретскиот дел ќе бидат запознаени со различните типови на изведби во наведените области како и начините на изведба на тавани и ѕидови. Голем дел од програмата е практична настава преку која учесниците во реални услови ќе ги извршуваат зададените задачи.

 На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за Монтер за сувомонтажни елементи.  Во програмата предност при приемот ќе имаат кандидати со завршено средно образование.

Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 250 училишни часа

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:  
  • ги познава потребните суровини, градежните и помошните материјали;
  • прима, класифицира, складира и пресметува потребни количини материјал за изведба на монтерски работи;
  • ги применува прописите и мерките за заштита при работа;
  • утврдува места како можни извори за опасност при сувата градба;
  • распознава конструктивни системи, елементи во зградите и конструктивни системи;
  • препознава видови столбови (носиви и неносиви) и начинот на изведба;
  • опишува карактеристики на ѕидовите;
  • дефинира хоризонтални конструктивни елементи;
  • разликува видови покриви според наклонот, обликот и материјалот;
  • употребува и одржува алат, прибор и електричен алат за сува градба;
  • обработува ГКБ, ги подготвува површините за обработка и лепи ГКБ на ѕидови (суво малтерисување);
  • меша лепаци, смеси за фугирање и глетување;
  • обложува ѕидани и бетонски ѕидови и тавани со гипскартонски плочи на метална потконструкција;
  • обложува челична и дрвена носива конструкција со гипскартонски плочи на метална потконструкција;
  • монтира преградни ѕидови, инсталациони ѕидови и спуштени тавани со метална потконструкција;
  • изработува заоблени ѕидови;
  • поставува подконструкција и обложува подкровје со ГКБ;
  • организира работа во работилница и на градилиште;
  • чита едноставни изведувачки цртежи, скици, проекти и опис на работите од областа на занимањето;
  • изработува едноставни модели и шаблони;
  • специфицира прибор, алат и специјални апарати за размерување и обележување.
 

Критериуми за влез во програмата

Завршено минимум основно образование (гимназиско или средно стручно образование се смета за предност). Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.  

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 165 66
Оценување 10 4
Вкупен број на часови 250
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support