Опис на програма

Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост има  за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

Персоналната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита,  преку која се обезбедува поддршка на лицето со попреченост во неговото осамостојување, согласно неговите индивидуални потреби.

Персоналната асистенцијата треба да биде прилагодена на личните и поединечни потреби  на корисникот, кој  одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.

Оваа програма опфаќа  стручно-теоретски содржини во времетраење од 84 часа кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак е со времетраење од 132 часа и се изведува во становите на лица со посебни потреби, домови и/или институции за сместување  на лица со посебни потреби, специјализирани институции и/или во институции со организиран дневен престој.

 

Самата програма е составена од 4 области/ модули:

 

1.Основни познавања на видовите на попреченост видови на помагала и нивна примена

  1. Помош на работното место, образовниот процес и во заедницата
  2. Помош во домот на корисникот
  3. Комуникација

 

Учесникот во програмата ќе се оспособи да ја планира, подготвува и организира сопствената работа  самостојно во домот на корисникот  и/или под надзор на стручно лице во институции/установи.

Задачите ќе ги изведува во согласност со етичките норми и методи за комуникација со лица со посебни потреби, со примена на основните медицински знаења и вештини за базична нега.  Учесникот ќе научи да овозможува психолошка и социјална поддршка, поддршка во секојдневните активности и да дава помош и нега во домашни услови, да користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, да применува техники за менување на постелина и облека, како да манипулира при физиолошка потреба, како да применува постапки за  користење на уреди и опрема при истата, како треба да работи во тим, да комуницира и да е проактивен во обезбедувањето на услугата, како да одржува хигиена и уредност на околината, како да спречува инфекции, да се грижи за квалитетот на извршената работа, да се грижи за безбедноста и здравјето при работа и како да ја заштитува околината

Резултати од програма

  • Применува основни знаења на видовите на попреченост
  • Применува знаења за ориентација во простор,
  • Применува знаења за управување со инвалидска количка и други помагала/одалка/бастун/штаки и др. Ортопедски помагала
  • Помага во употреба на сите асистивни уреди и помагала при користење на компјутер
  • Препознава пречки и изнаоѓа начини за соодветно постапување согласно различни ситуации
  • Правилно употребува  материјал за лична хигиена
  • Спроведува техники за одржување на лична хигиена на корисниците
  • Помага во секојдневна рутина на корисници (облекување, капење, земање оброци)
  • Помага при физиолошки потреби, помага за време на нивно извршување земајќи го во предвид достоинството на корисникот
  • Ја запознава дневната агенда и распоредот на активности на корисникот.
  • Креира плански активности во соработка со корисникот.
  • Обезбедува безбеден транспорт до образовната институција или работните простории.
  • Го преместува корисникот во работната просторија и обезбедува најпријатна положба.
  • Партиципира во обезбедување на успешна реализација на образовните/работните задачи и активности.
  • Помага при извршување на физиолошките потреби во простории надвор од домот.
  • Асистира во користење на посебна технологија наменета за лица со попреченост.
  • Обезбедува персонални начини на комуникација (читање на текстови, книги, стручна литература, весници и др. литература избрана од корисникот)
  • Комуницира преку различни информации и комуникациска технологија на барање на корисникот.
  • Пренесува информации до и од околината на барање на корисникот.
  • Помага при користење на градски или сопствен превоз (бутка количка, придржува дубак, отвара и затвора врата)
  • Внимава на безбедноста на клиентот во опкружувањето.
  • Го придружува корисникот при користење на терапевтски и здравствени услуги.
  • Го придружува корисникот при одење на рекреативни, забавни, културно-образовни, спортски активности и настани.
  • Интерпретира и пренесува информации на корисникот врз основа на визуелен материјал.
  • Зборува јасно и покажува позитивна невербална комуникација со корисниците на нега, семејствата, соработниците и претпоставените (тимот);
  • Комуницира со лицата на кои им дава поддршка согласно нивниот јазик, култура, сетилни потреби и желби
  • Идентификува и презема чекори за намалување на пречките во комуникацијата
  • Јасно и концизно ја заведува состојбата во евиденцијата
  • Се грижи за безбедноста и доверливоста на информациите според договорениот и утврден начин на работа
  • обезбедува грижа со чувствителност и позитивен став
  • Постапува професионално во согласност со етичкиот кодекс? и пружа услуги со почит и сензитивност кон корисниците.
  • Не дискриминира, превенира и пријавува ситуации на дискриминација.
  • Разликува митови и стереотипи за лицата со попреченост од вистинскиот начин на живот.
  • Употребува соодветен речник и внимава на тонот при комуникацијата со корисникот.
  • Разликува соодветни од несоодветни термини за лицата со попреченост и внимава да не се користат несоодветни термини.
  • Внимава на кучињата- водичи на корисникот.
Знае како да се однесува и комуницира со лица со различни видови на попреченост.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку средно образование најмалку 18 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 74 30
Пракса 121 60
Оценување 21 10
Вкупен број на часови 216
  • 0 Денови
  • Скопје
0 STUDENTS ENROLLED

    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

    top
    © 2017 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support