Опис на програма

Програмата за козметичар за нега на лице и тело се состои од 7 тематски целини, а проверката на постигнувањето на  целите ги опфаќа сите  цели од тематски целини.  Целите на програмата се насочени кон учесникот за стекнување на  вештини  и знаења  преку  реализација на предавања, демонстрирање на вештини и практична обука.  Целокупната обука трае 280 часа.

Главна цел на оваа програма е стекнување на вештини за самостојно изведува на козметички третмани. Врз основа на оваа цел  обуката  се организира според целите дефинирани по тематските целини,   кои се ориентирани кон стекнување на практични вештини и знаења,односно целно ориентирани. Освен тематските целини програмата ги содржи формите(фронтално,групно,тандем и индивидуална) и методите(предавање,дискусија во групи,учење насочено кон решавање на проблеми,практична настава во козметички салони,обука на работно место,индивидуална настава) на обуката, кои обучувачите треба да ги применуваат во текот на обуката. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно.Програмата го содржи нормативот за наставен кадар  и насоките за оценување на учесниците во програмата(усно,писмено,практично).

Обучувачот води портфолио  врз основа на резултатите од спроведените  тестови како и резултатите од практичната обука и заклучува дали кандидатот положил- или не положил(бројчани оценки нема). Доколку кандидатот не ги постигне зацртаните цели се упатува повторно.

По завршената обука  следи завршен испит кој се состои од практичен дел и стручно теоретски дел.Практичниот дел се состои од изработка на практична задача.Стручно теоретскиот дел се состои од тест задачи.

По положување на завршниот испит учесникот се здобива со сертификат за козметичар за нега на лице и тело во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Учесниците кои се стекнале сосертификат можат да напредуваат хоризантално преку обуки,семинари,советувања и верткално во согласност со Законот за стручно образование и обука.

Резултати од програма

По постигањето на целите учесникот е оспособен да:
  • комуницира со клиенти,
  • организира работа во козметички салон
  • негува млада и зрела кожа,
  • применува козметички препарати,
  • применува депилација на лице и тело,
  • применува маникир третмани,
  • применува педикир третмани,
  • негува дланки и стопала
  • применува лимфна дренажа,
  • декорира нокти на дланки и стопала,
  • применува арометерапија на лице и тело,
  • третира акнозна кожа,
  • третира кожа со испукани капилари

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во програмата нема потреба да поседуваат претходни знаења и вештини. Треба да имаат најмалку основно образование и да се постари од 15 години, но можат во оваа програма да се вклучат и кандидати со завршено средно и високо образование

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 84 30
Пракса 176 60
Оценување 28 10
Вкупен број на часови 280

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support