Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување на учесниците за самостојнa работа козметичар во козметички салон, или можност за самовработување. Програмата е со четиримесечно  времетраење односно 400 часа и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведуваат во реални услови, салон за козметика.

По успешното завршување на програма учесникот ќе  се оспособи за самостојнопланирање, подготовка и организирање на работните задачи,   изведување на  разни козметички постапки за нега на кожата на лицето, вратот и деколтето, да обликува веѓи, да депилира лице, брада и надусници, да изведува и депилација, масажа на лицето вратот и деколтето, да аплицира козметички маски и пакувања, да изведува маникир, надградба на нокти и педикир,   да избира и применува професионални препарати, да применува хигиенотехнички мерки за  лична и работна хигиена,изведува стерилизации наапарати, опрема, инструментите и приборот за работа,  се грижи за квалитетот на услугите, се запознава со правата од работен однос и можностите заотварање и водење на сопствен бизнис. По завршувањето на програмата учесниците полагаат завршен испит и по успешното завршување се  стекнуваат со сертификат за Козметичар по верификувана програма.

Програмата дава можност за вертикална проодност  за повисокониво во занимањето.

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата работно ќе се оспособи  да: -работи во козметички салон -негува и третира лице, врат и деколте -обликува веѓи -бојадисува веѓи и трепки -депилира, -изведува педикир и маникир -применува професионални препарати   за наведени третмани, -одржува апарати и приборот со кој работи -применува хигиено технички мерки за лична и заштита и заштита на работната средина -применува етички норми ба работна етика и морал -комуницира со клиентите и да ги познава правата од работен однос.

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и над 15 годишна возраст и психофизички здрави, и наод од брис

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 80 20
Пракса 280 70
Оценување 40 10
Вкупен број на часови 400

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support