Опис на програма

Опис на програмата. Програмата за Козметичар на нега на чице и тело се состои од седум тематски целини, а проверката на постигнувањето на цели ги опфаќа сите цели од тематски целини. Целите на програмата се насочени кон учесникот, односно кандидатот за стекнување знаење и вештини од областа на козметичарството. Целокупната обука трае 480 часа. Главна цел на оваа програма е стекување на вештини за самостојно обавување на козметички третмани. Врз основа на оваа цел обуката се организира според целите дефинирани по тематските целини кои се ориентирани кон стекнување на практични вештини и знаења. Во таа насока обучувачот ќе користи такви методи, форми и техники кои овозможуваат постигнување на целите постапно, а ќе се користи макрометодот проектна задача. Врз основа на проектната задача и резултатите од спроведените тестови наставникот ја заклучува оценката (положил-неположил) за сите изработки на учесниците се води евиденција во нивните портфолија. По завршувањето на обуката следи испит за проверка на постигнатите цели од програмата која води кон сертификат за Козметичар за нега на лице и тело во кој ке бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Испитот се состои од практична задача и стручно теоретски дел. Практичната задача се состои од изработка на вежба. Стручно теортескиот дел се состои од тест задачи. За секој дел од испитот кандидатот се оценува со положил или неположил. Кандидатот добива инструкции и потребни материјали за изработка на практичната задача. Избраотката на практичната задала е самостојна задача на секој кандидат без помош на мајсторот или други членови на комисисјата. Врметраењето на изготвувањето на задачите е во рамките од 190-180 минути во зависност од испитните задачи. Практичната задача кандидатот ја изведува пред комисија која ги следи и оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи. Резултатите од практичната задача и од стручно теоретскиот дел влијаат во конечното вреднување во постигнувањето на кандидатите.

Резултати од програма

(English)

Критериуми за влез во програмата

(English)

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 86400 86400
Пракса 86400 86400
Оценување 86400 86400
Вкупен број на часови 86400

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support