Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Основната цел на програмата козметичар за нега на лице и тело е стручно оспособување на кандидати, за самостојна работа во козметички салон. Содржините од теоретскиот дел од програмата ќе се реализираат во училница – кабинет во просториите на Отворениот граѓански универзитет „НЕГОТИНО“ од Неготино, а практичниот дел ќе се реализира во соодветно опремен козметички салон. Програмата содржи 240 часа и истата ќе се реализира во период од четири месеци. Програмата е прилагодена според изготвен стандард на занимање.

Програмата е наменета за работоспобни лица со завршено минимум основно образование. Бројот на кандидатите во една група зависи од просторните можности, но не повеќе од 6 лица. Во случај на поголем број кандидати, програмата ќе се реализира во повеќе групи распоредени во повеќе работни смени во текот на денот.

Обуката ќе се реализира преку форми на предавање, видео презентации, дискусии во група, демонстрирање и набљудување, со коментари и анализи, вежби, користење на претходно стекнати знаења и  практични методи со меѓусебни изведби кај самите учесници во групата.

После секоја тематска целина ќе има проверка на знаењето преку усна проверка, писмена проверка-тест и практична изведба-демонстрација, а на крајот од реализацијата на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија. По утврдување од страна на комисијата дека учесникот успешно ја совладал материјата, кандидатот ќе се стекне со работно оспособување и ќе му се издаде сертификат за козметичар за нега на лице и тело.

За реализирање на практичниот дел од програмата ќе биде ангажирано стручно лице – козметичар со најмалку пет години работно искуство во истата област, а за реализација на теоретскиот дел од обуката ќе биде ангажирано лице со високо образование со завршени студии по медицина.

Програмата дава можност за хоризонтална проодност, учесникот да може да премине и во друга сродна образовна програма и вертикална проодност, напредување во програми од повисоко ниво од занимањето.и

Резултати од програма

По завршувањето на теоретската и практичната обука учесникот се стекнува со знаење и вештини да:   -Подготвува, организира и самостојно извршува работни задачи -Подготвува работно место и клиент за козметички третмани на лице и тело -Рационално користи материјали, опрема и време -Комуницира со корисниците на услуги, соработниците и со деловните партнери -Подготвува работна документација со користење на информатичка технологија -Одредува состојба и тип на кожа -Избира и применува козметички третман според состојбата на кожата на лицето и тело -Избира препарати за нега и декорација на кожа на лице според типот на кожата -Спроведува декоративни третмани на лицето (шминкање, третмани на веѓи и трепки) -Советува клиент за избор и примена на козметички препарати за нега на кожата -Изведува депилирање на тело -Изведува релаксирачка и антицелулитна масажа на тело -Применува норми на  професионалната етика -Прави пресметка за извршена услуга -Применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината, во согласност со хигиенско-технички, противпожарни и други заштитни мерки

Критериуми за влез во програмата

Учесникот треба: -да има завршено основно образование; -да не е помлад од 16 години.  

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 50 21
Пракса 171 71
Оценување 19 8
Вкупен број на часови 240

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support