Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Изработувач на слаткарски производи и истата е со тромесечно времетраење, односно 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во слаткарска работилница, и/или ресторани и хотели.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да ја подготвува и ја организира сопствената работа, да комуницира со клиентите и соработниците, да приготвува различни видови теста и маси, да пече слатки и печива од различни видови теста и маси, да приготвува полнила и филови, преливи (глазури) и премази, да приготвува десерти во порции, слатки приготвени за топло-ладно бифеа, да приготвува национални десерти, да моделира и изработува производи од шеќер, да произведува чоколадни производи, да произведува различни видови сладолед, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите и извршува работи во согласност со прописите за производство на преххрамбени производи, заштита на работната средина и околина, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.
По завршувањето на програмата учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат за Слаткар по верифицирана програма.

Резултати од програма

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за изведување на работи и работни задачи Слаткар. Ќе комуницира со соработниците, применувајќи ги принципите на работна етика, ќе приготвува различни видови теста и маси, ќе пече слатки и печива од различни видови теста и маси, ќе приготвува полнила и филови, преливи (глазури) и премази, десерти во порции, слатки,национални десерти, ќе моделира и изработува производи од шеќер, ќе произведува чоколадни производи, различни видови сладолед. Истиот ќе работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите и ќе ги извршува работи во согласност со прописите за безбедност при производство на прехрамбени производи, ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, температура, и земен брис за работа во ресторан

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 224 70
Оценување 32 10
Вкупен број на часови 320

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support