Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Програмата Изработувач на рачно плетени производи обезбедува стекнување на знаење, вештини,  и компетенции  за изработка  на производи од волна и други видови на предиво со примена на рачни техники  за  плетење,како и правилно  користење на опремата и прибор на работното место

Програмата  обезбедува можност за  надоградување со нови идеи и креации, со помош на техниките за рачно плетење т.е.спој на модерното  и традиционалното

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска и  практична обука и води до стекнување сертификат ИЗРАБОТУВАЧ НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ ПРОИЗВОДИ

Времетраење на програмата е 240 часа од кои 24 часа теорија,192пракса и оценување 24часа

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се одвива  во работилница

По завршување на програмата учесникот полага завршен испит. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со  сертификат за работна оспособеност за самостојна работа  ИЗРАБОТУВАЧ  НА РАЧНО ПЛЕТЕНИ ПРОИЗВОДИ

Резултати од програма

(Mk) По  завршување на обуката учесникот ќе биде способен да:
  • планира соодветно предиво, опрема и прибор согласно даден модел
  • избира соодветно предиво, опрема и прибор за плетење
  • врши подготовка на предивото пред плетење
  • применува техника на плетење со една игла
  • применува техника на плетење со две игла
  • применува техника на рачно плетење со јазли
применува техника на ткаење со мали разбои
  • врши обликување на составните делови на плетениот производ
  • составува делови на плетениот производ
  • врши финална доработка на плетениот производ
  • обликува и со плетење да поврзува составни делови на употребливи предмети
  • комуницира и се договара со клиенти
  • користи и складира прибор за плетење
  • ја организира работата на начин на кој не се загрозени безбедноста по живот и здравје на работното место и пошироката околина

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област и треба да имаа завршено најмалку основно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 24 10
Пракса 190 80
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support