Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Основната цел на програмата Изработувач на мебел од дрво е стекнување на вештини за изработка на столици, коклици, фотељи и сл. производи од дрво. Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Изработувач на мебел од дрво “.Времетраењето на програмата е 300 часа од кои 60 часа стручно теоретск и содржини и  240 часапрактична обука со формативно и сумативно овценување. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на шумарски инжинер а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен обучувач вработен во компанијата

     Програмата ќе се реализира во 5 тематски целини и тоа:

  1. Познавање на материјалите15 часа
  2. Техничка комуникација -15 часа
  3. Алати, машини и уреди за изработка на мебел од дрво-30 часа
  4. Практична настава -235 часа
  5. Административно технички работи-5 часа

По  успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат..Столар за изработка на мебел од плочест материјал“.

Резултати од програма

  • чита и изработува работната документација;
  • определува постапката за индивидуална изработка на елементи,конструкции,полупроизводи и производи од плочест материјал;
  • мери и означува плочести материјали;
  • контролира материјали, производи и своја работа;
  • применува потребни основни и помошни материјали;
  • прима, класифицира и складира материјал;
  • ракува со машини, уреди и алати за изработка и монтажа на плочест мебел;
  • применува прописи и заштитни мерки за лична и колективна заштита
  • подготвува плочи за кроење;
  • кантира искроени елементи;
  • врши дупчење на елементите;
  • изработува профили на елементите;
  • избира конструктивни елементи за составување;
  • го контролира квалитетот на обработените елементи,
  • изработува елементи за  столови, коклици, фотељи и сл.
  • монтира готови елементи фо функционална целина,
  • изработува разни видови на мебел од дрво, за домови, деловни простории и сл.
  • подготвува лепила, бои, лакови,
врши поправки и реновирање на куќен мебел изработен од дрво

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 210 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 300
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support