Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Електромеханичар за термички и разладни уреди  и истата е со  тромесечно времетраење, односно 320 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во електромехaничарски сервис или сервис за бела техника. Стручно теоретската настава ја изведуваат наставници со долгогодишно искуство во настава, претпримништво и бизнис и наставници по практична наставам електромеханичари  сo  искуство во oваа дејност. Во текот на обуката се применуваат активни интерактивни методи на работа; предавање, дискусии кои водат кон решавање на проблеми, практична работа во реални услови. Во текот на обуката се врши формативно следење и оценување на постигнатоста на целите и сумативно по завршувањето на секоја тематска целина преку практична работа. Резултатите  се земаат во вид  но не го ослободуваат учесникот од полагање на завршниот испит.

Завршниот испит се полага пред комисија  на зададена задача, а се вреднува; образложението на планирање, организацијата и  подготовката на алат, прибор и материјал, практична работа, отстранување на проблемот и изработка на калкулација за цена на чинење на услугата.

По успешното завршување на програмата  учесникот кој  со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат за Електромеханичар за термички и разладни уреди по верифицирана програма

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да: -одржува разладни и термички уреди за домаќинство и индустрија; -монтира разладни и термички уреди за домаќинство и индустрија; -врши мерења на електрични големини неопходни во експлоатацијата на разладните и термичките уреди; -изведува работи и работни задачи на разладни и термички уреди согласно зададени електрични шеми; -применува МКС стандарди за заштита при работа и заштита на животната околина; -лоцира и отстранува дефекти на разладни и термички уреди; -комуницира со соработници и клиенти -користи софтверски алатки за одржување и сервисирање на разладни и термички уреди -води евиденција за резервни делови и потрошен материјал.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку средно образование од областа на техничките науки и над 18 годишна возраст. Психофизички здрав

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 224 70
Оценување 32 10
Вкупен број на часови 320

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

top
© 2017 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support