Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за диагностицирање и сервисирање на неисправности на моторните возила.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат Дијагностичар за мехатронички системи кај возилата“.

Времетраењето на програмата е 236 часа од кои 45 часа теоретска обука, 172 часа се практична обука во реални работни услови и 19 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведуваат од понеделник до петок. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на наставник а практичната обука во рамките на компанија за време на која на учесниците ќе им биде доделен обучувач вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со тест после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Дијагностичар за мехатронички системи кај возилата“.

Резултати од програма

(Mk) По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја планира , организира работата и ги подготвува работното место, алатот, машините и мерните инструменти;
  • рационално да го користи времето,материјалот и енергијата
  • да обезбедува квалитетни услуги и да применува стандарди за квалитет
  • да комуницира со соработниците со почитување на деловните принципи
  • да ја контролира исправноста на системите
  • да утврдува неисправности на деловите,демонтира и монтира делови
  • да мери ,чита и толкува измерени вредности од електричните мерни инструменти
  • да чита електрични шеми
  • да испитува правилна работа на сензори
  • да користи програми во електронска форма
  • ги обезбедува квалитетните услуги и да ги применува стандардите за квалитет
  • ги обезбедува резервните делови и потрошните материјали, во зависност од процесот на работа;
  • ги обработува работните налози и техничката документација што е потребна за редовно извршување на работните задачи;
  • ја користи стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата;
•  ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) минимум средно образование и возраст од најмалку 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 19
Пракса 172 73
Оценување 19 8
Вкупен број на часови 236

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

1 STUDENTS ENROLLED

Детали за понудувач на услуги

More Courses by Друштво за транспорт,трговија и услуги АУТО ЦЕМ ДОО експорт-импорт Тетово - Подружница АУТО ЦЕМ ЕДУКАЦИЈА Тетово
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support