Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за готвач во угостителски објект. Во програмата опсежно ќе бидат елаборирани сите техники на готвење, како и едукација во областа на сертификација и добивање сертификати за работа со храна. Детално ќе бидат образложени процесите на приготвување на јадењата во теоретскиот дел, а делот на практичната настава учесниците ќе го обавуваат во реални услови, во комплетно опремена кујна. 

 На крајот на успешно реализираната обука кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за готвач во угостителски објект.  Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено средно образование.

Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 250 училишни часа.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:  
  • познава различните видови кујни;
  • препознава и користи различни процеси за приготвување на јадењата;
  • објаснува карактеристики на кујната;
  • применува готварска терминологија;
  • објаснува карактеристики и презентира производи од растително и животинско потекло кои се користат во кујните;
  • разликува видови меса и нивни составни делови;
  • разликува и се служи со различните видови инвентар во кујната;
  • опишува начинот на подготовка на фондовите и сосовите и способен е да ги подготви истите;
  • приготвува супи,  чорби и потажи;
  • опишува и самостојно припрема готвени јадења, печења и меса печени на скара;
  • применува во практика термичка обработка на риби;
  • опишува едноставни ладни и топли предјадења и способен е да ги подготви;
  • врши проверка на квалитетот на извршената работа;
  • познава и применува гастрономски трендови во кулинарството;
  • применува прописи за заштита при работа и заштита на животна средина.

Критериуми за влез во програмата

Завршено средно образование (гимназиско или средно стручно образование). Кандидатите треба да бидат повозрасни од 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 42 20
Пракса 170 70
Оценување 28 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support