Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Обуката се планира да се одвива врз база на серија предавања од областа на Compliance, со презентација на стручна литература (во недостиг на адекватна литература, ќе бидат презентирани пејпери, академски написи, објави од значајни институции од оваа област) и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на обуката ќе се направи проценка на здобиеното знаење на учесниците од овој основен модул, преку тестови и изработка на проекти – т.н. Case studies од страна на учесниците.

Обуката ќе обезбеди запознавање на терминот Compliance и Compliance Officer, вештини за контрола на усогласеноста на работата на банката со прописите, идентификување на основниот GAP помеѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните учесници, со цел усогласување со барањата на домашната и странската регулатива.

Во текот на обуката ќе се направи проценка на здобиеното знаење на учесниците преку тестови и изработка на проекти – т.н. Case studies од страна на учесниците.

Обуката ќе обезбеди знаења за оваа функција, , day-to-day активности на Compliance Officer согласно меѓународните прудентни практики, основи на репортинг стандардите, креирање на focal point of contact,  теренски контроли итн.

 

Резултати од програма

(Mk) Кандидатот:
  • да се запознае со основите на: Compliance, историјата, воведот и дефинициите;
  • да ги идентификува на Compliance ризиците;
  • да ја разбира улогата и функцијата на Compliance Officer;
  • да ја детерминира основната рамка на воспоставување на функцијата во рамките на организацијата во која работат;
  • да се запознае со основите на: финкцијата Compliance, одговорностите, правата и обврските;
  • да се запознае со начинот на организација и управување на функцијата Compliance преку теоретска и практична примена;
  • да се запознае со начинот на креирање/контрола и улогата на Compliance Officer во изработката на интерни акти и политики на институцијата.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Секој учесник при аплицирањето за еден од модулите ќе потполни прашалник за самооценка на нивото на знаење поврзано со темите на нивото за кое се пријавува.  Да има најмалку средно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 64 64
Оценување 6 6
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support