Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главната цел на програмата е кандидатите да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за канцелариско и архивско работење применливи во различен тип на организации. Програмата е составена од седум тематски целини во кои се разработуваат функциите и активностите поврзани со канцелариското и архивското работење во една организација. Според наставниот план обуката трае 50 училишни часа, во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа.

 

Во програмата ќе се вклучат кандидати со завршено средно образование: гимназиско или четиригодишно средно стручно образование. Предност ќе имаат кандидатите со  завршено право, економија           или трговија.

 

Обуката ќе се состои од два дела, теоретски предавања и практична работа, во траење од 50 училишни часа.

 

На крајот на успешно реализираната обука и успешно поминатото тестирање, кандидатите ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност како архивар.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:  
  1. Применува законска регулатива и стандарди во секојдневното работење
  2. Постапува по процедури и упатства за канцелариско работење
  3. Постапува по процедури и упатства за архивско работење
  4. Користи функции на електронски систем за архивирање
  5. Спроведува оптимално користење на ресурсите за работа
  6. Спроведува ефективно планирање и организирање на дневни активности
  7. Разликува приоритети во извршување на активностите
  8. Користи технички средства за работа, рационално и ефективно
  9. Одржува здрава животна средина
  10. Изразува способност за аналитичко размислување
  11. Покажува способност за ракување со канцелариски и архивски материјал
  12. Разбира содржина на работните документи
Врши ефикасна комуникација во пишана форма

Критериуми за влез во програмата

Завршено средно образование: гимназиско или четиригодишно средно стручно образование. Предност ќе имаат кандидатите со  завршено право, економија           или трговија. Кандидатите треба да имаат наполнето 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 10 20
Пракса 35 70
Оценување 5 10
Вкупен број на часови 50

Course Reviews

N.A

ratings
  • 5 stars0
  • 4 stars0
  • 3 stars0
  • 2 stars0
  • 1 stars0

No Reviews found for this course.

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support