Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата за англиски јазик ја задоволува потребата за постигнување на сите четири вештини: слушање, читање, пишување и конверзација. Со постигнување на основните цели се подобруваат јазичните способности на учесниците, се подобруваат нивните јазични вештини, се подобруваат општите вештини за остварување на целите при вработувањето кои се однесуваат непосредно во степенот на познавање на англискиот јазик, се олеснува секојдневната комуникација особено деловната, се подобруваат целосните способности на учесниците на настап на пазарот на трудот, пазарот на производи или пазарот на услуги. Во наставата која непосредно се применува за реализација на програмата се користат активните методи за учење на возрасните. Наставата и наставната содржина е ориентирана според интелектуалните способности и потреби на учесниците. Преку користење на современо наставно содржински процес се остварува зацртаната целЧ стекнување на знаење од подрачјето на англискиот јазик за секој соодветен модул. Секој модул претставува повисоко ниво на знаење преку кое се заокружува целината. Модулите овозможуваат степенесто движење во едукацијата на секој учесник со што неговата перцепција и знаење се доведува до оптимално ниво. Во наставата се користат сите современи нагледни и едукатини средства преку кои се постигнуваат потребните резултати. Едукацијата на англискиот јазик е компатибилна со CEF (Common European Framework of Reference: Learning, Teaching, Assessment) при што претставува и припрема за полагање на меѓународен испшит за познавање на англиски јазик. По завршување на секој модул, учесникот добива сертификат за тој модул. Преку стекнување квалификации истиот се пропознава на пазарот на трудот особено според своето знаење и вештини во познавањето ан англискиот јазик.

Резултати од програма

По завршувањето на обуката кандидатот ќе се стекне со знаења и вештини и ќе биде способен да:
  • Конверзира со англискиот јазик како и истиот да го применува во секојдневната практика.
  • Иницира зголемување на интелектуалниот потенцијал на кандидатот во процесот на деловното вклучување при вработување или самовработување.
  • Воспостави конкурентен настап на пазарот на трудот бидејќи секоја организација во современите услови бара вработени кои познаваат англиски јазик.
  • Развој на едукативниот процес кој овозможува брзо вклучување на кандидатот во деловните подрачја овозможувајќи му услови за негов деловен напредок.
  • Напредок во Европската и светската комуникација која се одвива со англискиот јазик.
  • Зголемување на деловни вештини на кандидатот со перманентно  познавање и практицирање на англискиот јазик.
  • Зголемување на комуникациските способности без ограничувања и бариери во конверзацијата.
  • Можности за брз напредок на дејноста која кандидатот ја обавува.
Едноставен напредок во бизнис дејноста која кандидатот веќе ја одвива или започнува да ја одвива по завршување на едукативниот процес.

Критериуми за влез во програмата

Секој учесник потребно е да има: завршено основно образование и возраст над 15 години. Учесниците потребно е да се психофизички здрави, емоционално способни и стабилни, да имаат желба за учење на англискиот јазик.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 108 77
Пракса 28 20
Оценување 4 4
Вкупен број на часови 3
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support