Përshkrimi I programës
Програмата за спасител во ски патрола е според стандардите на Меѓународна Федерација на ски патроли FIPS – (Fédération Internationale des Patrouilles de Ski) и Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA (International Commission for Alpine Rescue) и се темели на стандард на занимање кое се стeкнува преку стручна теоретска содржина и практична обука. Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните знаења предвидени во содржината на предметите. Со практичниот дел од програмата се подразбира реализирање на студиска и демонстрациски тренинзи (вежби или спасување во скијачки центар како ски патрола) заради стекнување практични знаења и демонстрирање на стекнатото знаење на кандидатот во пракса. Испитот исто така се состои од теоретски и практичен дел. Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од општиот и посебниот дел на програмата за обука. Практичниот дел од испитот подразбира симулација на спасување на повреден скијач (бордер) на ски стаза во скијачки центар и евакуација на блокирана жичара, како и зафатен скијач во лавина при што кандидатот практично го покажува знаењето кое го стекнал од предвидената програма за обука на спасител во ски патрола. По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност за спасител во ски патрола.
Rezultatet e programës
- Планира, подготвува, организира и извршува работни задачи
- Чита метеоролошки и топографски мапи
- Применува соодветни методи и техники за спасување во скијачки центри
- Укажување на прва помош и медицинска помош на повредено лице во дадена ситуација
- Укажува прва помош и медицинска помош на повредениот во случај на: фрактура на повредениот, нагмечување на меки ткива, исчашување, дисторзија (истегнување), набиеница (контузија), повреди на рбетниот столб, повреди на главата, трауматски шок, повреди од ниски и високи температури
- Врши евакуација на лица од жичара или гондола во случај на престанок на нивно функционирање
- Применува комуникациски вештини и работа под притисок
- Познава правилник за употреба на куче трагач во лавина
- Познава процедури за евакуација на лицето блокирано на жичара или гондола
- Познава процедури за извлекување на лице зафатено со лавина
- Користи рационално материјали, опрема и време за спасување во ски центри
- Применува мерки за заштита при работа
- Развива претприемачките вештини, работи во тим и доживотно учи и се усовршува
Kriteret për hyrje në programë
- Да е член на Македонската асоцијација на инструктори на снежни спортови или скијачка федерација на Република Македонија
- Најниско ниво на алпинистичка квалификација кое што е потребно за да се започне со обука за спасител во ски патрола, е називот инструктор ниво еден по Правилникот на Македонската асоцијација на инструктори на снежни спортови или Скијачка федерација на Република Македонија или “Аспирант за Алпинист“, според Правилникот за работа на Македонската алпинистичка федерација.
- Да има завршено средно училиште.
- Да е здравствено и психофизички способен.
- Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
- Да има уверение за положен курс по прва помош.
- Да има полиса за осигурување од осигурителна компанија.
Kohëzgjatja e programës
Kohëzgjatja e programës | Numri I përgjithshëm I orëve | Treguar në përqindje |
---|---|---|
Teori | 50 | 20 |
Praktikë | 175 | 70 |
Vlerësim | 25 | 10 |
Numri I përgjithshëm I orëve | 250 |