Setup Menus in Admin Panel

Вовед

За Центарот за образование на возрасни

Ј.У. Центарот за образование на возрасните – Скопје е јавна установа за образование на возрасните во Република Македонија, која како посебно правно лице е основана од Владата на Република Македонија во ноември 2008 година.

Мисијата на Центарот е да промовира систем на образование на возрасните кој ќе биде функционален, модерен и во согласност со стандардите на Европската Унија, систем кој ќе обезбеди висок квалитет на учење и можности за стекнување на квалификации во согласност со потребите на населението, ќе ја зголеми вработливоста и ќе го развие претприемништвото, ќе ги задоволи потребите на пазарот на трудот и ќе придонесе во економскиот, општествениот и личниот развој.

Главни цели на Центарот се да придонесе во реализацијата на социо-економските потреби на Македонија, да одговори на потребите на пазарот на трудот и да им помогне на индивидуите во нивниот личен развој.

Главни задачи на Центарот се:

Да ги хармонизира и интегрира јавните интереси и интересите на социјалните партнери во образованието на возрасните во Република Македонија. Центарот ја координира соработката со меѓународните институции и организации во областа на образованието на возрасните.

Да обезбеди квалитетен систем на образование на возрасните во согласност со европските стандарди и практики преку воспоставување на стандарди и критериуми кои ќе обезбедат квалитетно формално и неформално образование на возрасните и создавање на квалитетна и конкурентна работна сила на пазарот на трудот со поддршка на социјалното партнерство.

 

Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support